Предупредување до купувачите: Внимавајте, лимонот е токсичен

Потрошувачите во Србија би требало да се воздржат некое време од купување лимони додека Министерството за земјоделство официјално не се огласи со соопштение за тоа дали овошјето од овој вид, кое во моментов се продава во Србија е исправно, изјави денеска претседателот на Националната организација на потрошувачи на Србија, Горан Паповиќ.

Тој изјави дека постојат основани сомневања дека нешто не е во ред со лимонот, кој е во продажба, бидејќи не е можно тоа овошје повеќе од двојно да поевтини.

- Дали увозничкото лоби е одговорно за тие работи или во прашање е нешто друго, треба да се истражи, нагласи Паповиќ. 

Тој додаде дека на граѓаните им е доста од стравувањата дали продуктите кои се во продажба се исправни и оти поради тоа Министерството за земјоделство треба да излезе со јасен став. 

На прашањето со какви податоци за квалитетот на храната во Србија тоа здружение располага, Паповиќ изјави дека тие е „најразлични и оти политиката има големо влијание“.

 - Во Србија една група одлучува за безбедноста на храната, а тоа е голем проблем, предупреди претседателот на Националната организација на потрошувачи на Србија.

Српските медиуми јавуваат дека во Србија се продава поевтин лимон увезен од Турција, на чија декларација пишува да не се користи кората и оти овошјето е третирано со имазалил, фунгицид, кој продира низ целиот плод и кој е канцероген, токсичен, ја иритира кожата и предизвикува солзење на очите.

Нема информации дали од оваа пратка има и лимон во Македонија но со оглед на тоа дека нашиот северен сосед има сериозни проблеми, не се исклучува оваа можност.

03.11.2014 - 12:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега