ФОТО: Девојката болна од рак сепак се самоуби на 1 ноември!

Британи Мејнард (29) откако дозна дека има тумор на мозокот јавно објави дека на 1 ноември ќе изврши самоубиство.

Таа се соочи со бројни критики, некои сметаа дека тоа го прави само за да привлече внимание, други ја сожалува, трети ја осудуваа...

Сепак, младата Американка остана доследна на својата првична одлука да си го одземе животот.

- Таа си го одзеде животот онака како што планираше во својата спална соба, во рацете на оние кои ги сакаше, соопшти организацијата „Compassion & Choices“.

Имено, Британи испила смртоносна доза на лекарства кои и биле препишани од страна на доктор, како дел од програмата „Смрт со достоинство“.

Британи на почетокот на октомври објавила видео каде објаснува зошто сака да си го одземе животот. Таа боледуваше од тумор на мозокот кој бил иноперабилен, што значело дека ќе умре болно и мачно...

Сакајќи да избегне болки, одлучила да се пресели во Орегон каде програмата „Смрт со достоинство“ е легална. Со оваа програма, луѓето кои имаат тешки заболувања и незибежна болна смрт, од докторите добиваат смртоносни лекови кои можат да ги испијат кога ќе посакаат.

За време на своите последни денови од животот, таа ги исполнила своите желби. Го посетила Големиот кањон на само неколку дена пред смртта.

- Сакам мојата мајка да го продолжи животот по мојата смрт, и мојот сопруг да основа свое семејство, објаснила таа во последното видео кое го објавила.

03.11.2014 - 12:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега