Од полноќ поевтинуваат бензинот и дизелот

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 денар, а дизелот поевтинува за половина денар.

Од полноќ новите цени на ЕУРОСУПЕР БС  изнесува  73,00 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 денари за литар

Дизелот  ќе се точи за 62,5 денари по литар.
Новата цена на екстралесното масло за домаќинство се намалува за половина денар и ќе изнесува  51,00 денари за литар.

 

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,058 ден/кг и ќе се продава за 34,835 денари за килограм, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

03.11.2014 - 11:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега