За сите кои планираат да се иселат од Македонија: Во ова земја имате најголеми шанси
Канада во 2015 година ќе прими рекорден број доселеници. Според информациите кои ги објавува локалното министерство за државјанство и имиграција наредната година во оваа земја докумети ќе добијат меѓу 260.000 и 285.00 луѓе.
„Нови имиграционене план го засилува фокусот на нашата влада на долгорочниот економски раст и добробитот на сите Канаѓани. Со овој план ќе им посакаме добредојде на рекорден број луѓе кои ќе допринесат за нашата економија преку пазарот на работна сила“ - изјави министерот за државјанство и имиграција на Канада Крис Александер.
Тој објасни дека најголем дел од доселениците или околу 65% ќе бидат примени во категоријата економски имигранти преку т.н. експресна виза која ќе почне да се применува од почетокот на јануари наредната година и ќе овозможи флексибилност и брзо исполнување на условите кои ги бараат работните места за кои нема доволен број Канаѓани.
Останатите 35% ќе го сочинуваат членовите на семејствата на доселениците кои се веќе во Канада но сакаат да ги повлечат и најблиските.
Статистиката вели дека од 2006 до 2013 во Канада на овој начин се доселуваат во просек по 257.000 луѓе годишно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа