ФОТО: Се реконструира скопската железничка станица

Подигнување на нивото на пероните, реконструкција на внатрешноста, поставување на лифтови, нови информативни табли и инсталирање на фотонапонски панели на покривот – ова се најважните сегменти на проектот за реконструкција на главната железничка станица во Скопје, кој треба да заврши до 15 април наредната година, пренесува build.mk.

Build.mk пренесува дека најголем дел, односно 85% од потребните 2,5 милиони евра се обезбедени од европските ИПА фондови, додека преостанатите 15% ќе ги покрие државниот буџет. Проектот го изработи холандски „Гронтмеј“ (Grontmij), изведувачи на градежните работи се домашните „Инком Инженеринг“, „Бонор Инженеринг“ и „Глобоцки“, а надзорот го врши италијанската „АРС Проџети“ (ARS Progetti SpA).

 

 

03.11.2014 - 09:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега