Шокантно ниски цени на бензинот

Изненадувачко ниски цени на горивата на бензинските пумпи можат да се забележат деновиве на американскиот пазар. Цената на галон бензин (3,8 литри) падна под три долари.

“Ова навистина е неверојатно. Малку сум шокиран“, изјавил главниот аналитичар за нафта во консултантската компанија Oil Price Information Servis, Том Клоза за агенцијата АП.

Просечната цена на бензинот на пумпите во САД изнесувала 2,99 долари за галон, што е прв пат во последните четири години, цената да падна под три долари за галон.

Бензинот во САД сега е поевтин и од млекото, чија цена изнесува 3,73 долари за галон. Просекот на цената на млекото за оваа година е на добар пат да биде повисок од просечната цена на бензинот по прв пат од 2011 година.

Побарувачката на нафтени деривати сега не расте толку брзо како што се очекуваше, нафтените компании експлоатираат нови извори на нафта, додека земјите на Блискиот исток продолжуваат да го снабдуваат светот со “течното злато“ како и досега.

03.11.2014 - 09:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега