Промоција на проектот Еко пакет Македонија
Промотивен ден на проектот Еко пакет Македонија ќе се одржи денеска во Скопје во организација на ОХО-Асоцијацијата за едукација.
Овој проект се реализира веќе девет години во мрежата на еко училишта во Словенија, Хрватска и Србија. Од оваа година по првпат проектот Еко пакет ќе се реализира и во Македонија, првично како проект за основните еко училишта со зелено знаме (29 основни училишта), а од следните учебни години и за детските еко градинки и средните еко училишта.
Проектот Еко пакет е наменет за развивање на свеста и значењето на одговорното однесување кај децата, учениците, всопитувачите, наставниците и родителите, преку собирање, селектирање, одвојување и отстранување на картонот од употребената Тетра Пак амбалажа од млекото, јогуртот и соковите.
ОХО како национален оператор на интернационалната програма Еко училиште на светската Фондација за еколошка едукација континуирано работи на обезбедување поддржувачи и партнери на националната мрежа на еко училишта. Прв пат во учебната 2014/2015 година како нов партнер го имаат Тетра Пак со регионалниот проект Еко пакет.
Република Македонија е меѓу ретките држави во светот (покрај Шкотска) каде порграмата Еко училиште се реализра на национално ниво во сите градинки и училишта преку Министерството за образование и наука, како дел од едукативната програма „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа