„Срам за Македонија“ - двајца се мртви а Судот му даде 22 месеци затвор

„Тој нечовек уби двајца а жената ја остави инвалид, а од затвор ќе искочи за година дена и ќе продолжи таму каде што застана. И се тоа поради таа срамна одлука на македонското Обвинителство. Тоа е срам за нивната држава“
Ова за српски Курир го изјави Алекандар Маринковиќ од Чуприја, брат на Никола Маринковиќ (24) и чичко на осомесечниот Андрија кои на 28 јули загинаа во тешката сообраќајна несреќа пред Демир Капија. На нив со својот автомобил Форд налета 21 годишниот Рајко Радојковиќ од Ниш. Автомобилот го возеше 34 одишниот Драган Маринковиќ кој ја преживеа несреќата заедно со својата сопруга која долго време беше во критична состојба и има трајни повреди.
Радојковиќе спогодил со  три месеци по сообраќајката се спогодил со македонското обвинтелство и ќе одлежи 22 месеци во зтатвор иако во сообраќајката загинаа 2 лица.
Семејството Маринковиќ нема право на жалба на оваа одлука.
„Тоа е тажна реалност со која мораме некако да се избориме. Се обидувавме судењето да го префрлиме во Србија, бидејќи сите учесници се српски државјани но Македонците тоа не го дозволија. Баравме уште едно сообраќајно вештачење но ни тоа не ги го дозволија. Верувам дека таткото на Радојковиќ успеал да влјае да и издејствува ваква казна“ - очаен е Александар.

 

 

02.11.2014 - 21:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега