Рецепт за брза грчка пита

Ви пристигаат гости, а не знаете што да послужите? Ви предлагаме феноменално топло предјадење - грчка пита.

Се подготвува лесно, без развлекувања на кори и состојките се мешаат во еден сад.

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 200ml јогурт
  • 1 прашок за печиво
  • 400g брашно
  • 100g шунка
  • 100g сирење
  • 5 кисели краставички
  • Масло, сол и бибер
  • Зеленчук по желба

Подготовка:

Исечкајте ги краставичките и шунката на ситни коцки. Во длабок сад соединете ги сите состојки, освен сирењето, додека не добиете тесто.

Ставете масло во тава за печење, размачкајте го, па нанесете го тестото. Печете 15 минути на 200 степени.

Извадете ја питата, изрендајте го сирењето и додадете ситно сечкан зелечук по желба, па допечете ја уште 5 минути.

Кога малку ќе се олади, исечете ја и послужете.

Извор: Црно Бело

02.11.2014 - 12:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега