За два дена 283 јавувања на „Ало докторе“

На телефонската линија „Ало докторе“ за медицински совети во изминатите два дена се регистрирани вкупно 283 јавувања.

Во најголем број јавувањата биле за здравствени совети во врска со респираторни симптоми, проблеми со крвниот притисок и симптомна болка.

Во кол центарот „Ало докторе“ денеска дежурна е др.Ирена Кафеџиска од Клиниката за ревматологија, а утре за медицински совети ќе биде достапна директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство др. марија Хаџи-лега.

Над 7 илјади јавувања се регистрирани за месец и половина од страна на граѓаните за медициснки совет или за информација за одредена здравствена услуга. 

Телефонската линија „Ало докторе“ од 1.ноември годинава е засилена со пет нови доктори за здравствен совет. 

За граѓаните од сите градови во Република Македонија 24 часа се достапни 22 доктори за медицински совет, соодветна симтоматска терапија.

02.11.2014 - 11:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега