Дете се сеќава на жената од претходниот живот– им докажал дека е реинкарнација

 

Селим Тутусмус од Турција уште откако почнал да зборува инсистирал неговото име да се смени во Селим Фесли.

 

Верувале или не, тој вели дека бил реинкарнација на Фесли и се сетил на имињата на пријателите и семејството, како и од многу детали од неговиот живот кои подоцна бил потврдени од страна на вдовицата на Фесли.

 

Германскиот терапевт Трутз Хардо, приказната на ова момче ја раскажал во неговата книга „Децата кои живееле претходно: Реинкарнација Денес“.

Тој зборува за еден сведок Доктор Лан Стивенсон, кој бил водечки истражувач на Универзитетот на Вирџинија Школото за медицина на темата за реинкарнација. На 9 мај 1958 година во селото Хатун Коу Турција, Фесил бил пронајден мртов во едно поле. Тој бил застрелан во лицето и десното уво.

Неговиот сосед Иса Дирбекли, признал дека го застрелал, но дека тоа било случајно и дека во тој момент бил на лов.

Во соседното село Сарконак, госпоѓата Каранфил Тутусмус била бремена.

Таа сонувала дека еден ден ќе се појави човек кој ќе се идентификува како Селим Фесли. Бебето е родено со мала деформација на десното уво, што одговара на раната која му била нанесена на Фесли.

Кога момчето имало 4 години, тоа на патот на кај домот на Фесил, застанал покрај прозорот и на вдовицата на Фесил и рекол: „Јас сум Селим, а ти си мојата сопруга Катибе“.

Тој ги запомнил интимните детали од нивниот живот заедно со имињата на нивните деца. Ја посетувал доста често и почнал да ја третира Катибе како негова сопруга, а неговите возрасни деца, да ги гледа како свои.

Момчето рекло дека Дибекли намерно го убил поради расправија за мазгата, додека соседот и понатаму одрекувал и се вадел дека тоа било несреќа.

Момчето почнало да фрла камења по Дирбекли, но подоцна прекинал со насилничката одмазда.

 

Решат Баер турскиот партнер на доктор Стивенсон, го предупредил момчето дека ако се одмазди Дирбекли исто така можел да се прероди и да се одмазди и циклусот на омраза и одмазда да продолжи.

02.11.2014 - 10:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега