Бугарите тврдат: Македонците не мразат

Бугарија е погодна мета на која дел од Македонците ја истураат омразата бидејќи не можат тоа да го изразат врз Aлбанците. Вака дел од бугарските аналитичари гледаат на актуелните внатрешни и надворешни политички случувања поврзани со Македонија, анализира 24 Вести

 Во прилог кој завчера го емитуваше бугарската национална телевизија БТВ - Mакедонци се обвинуваат дека направиле антибугарска интернет страна. За бугарските аналитичари ова било резултат на разнишаните добрососедски односи.

„Бугарите се погодна мета за омраза. Во моментот крајната националистичка фракција во македонското општество има потреба да мрази некого а не може  да си дозволи тоа да бидат албанците кои се вистинската закана,“ изјави Харалан Александров - социјален антрополог.

Дел од бугарските исторочари пак велат дека Македонија има сериозни проблеми со демократијата и дека поради тоа ги нарушува  односите скоро со сите соседи. Велат дополнителен проблем е и внатрешниот меѓуетнички соживот.

„Може да дојде до крај на оваа теорија во еден момент кога Македонија ќе се демократизира. Ќе стане навистина демократска, а не само по фасадата. Ќе треба да се признае (ако го издржи албанскиот притисок) како втора бугарска држава,“ вели Божидар Димитров - бугарски историчар.

Македонско бугарските односи последниов период се се почеста мета на медиумите. Бугарските политичари до сега неколкупати јавно ги критикуваа македонските колеги за нарушените добрососедски односи и иницираа заедничко славење на дел од празниците по примерот кога делегации на двете држави присуствуваа на гробот на Свети Кирил во Рим. 

Последната иницијатива која дојде од Бугарскиот претседател Плевнелиев беше за заедничко чествување на Илинден но сепак остана нереализирана.

 

 

01.11.2014 - 23:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега