МЗШВ: СДСМ барем да ги прочиташе законите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги упатува СДСМ пред да излегуваат во јавноста со прес конференции барем да ги прочитаат законите. Ова го испратија по прес-конференцијата на опозициската партија на тема „Дали тутунскиот комбинат Прилеп е подготвен за годинашниот откуп“.

Во продолжение следува интегрален текс од реакцијата на МЗШВ

Според Законот за тутун и тутунски производи, откупот на тутунот произведен во тековната година започнува во сите откупни пунктови кои се пријавени најдоцна од 15 декември во тековната производна година и завршува најдоцна до 15 март во наредната година. Што значи дека официјалниот почеток на откупот на тутунот е најдоцна до 15 декември и до тој рок откупните организации треба да обезбедат финансиски средства за целиот договорени количества тутун.

Поточно како што стои во Законот „Откупувачот е должен најдоцна до почетокот на откупот на тутун како доказ за обезбедени финансиски средства за исплата на целокупната договорена и откупена количина на тутун од тековната реколта во висина според просечната откупна цена од минатата реколта, да обезбеди:

 -банкарска гаранција и изјава од одговорното лице на откупувачот дадена под материјална и кривична одговорност заверена кај нотар дека целокупната договорена количина на тутун ќе ја исплати на тутунопроизводителите, или

- финансиски средства на посебна наменска жиро сметка и изјава од     одговорното лице на откупувачот дадена под материјална и кривична одговорност заверена кај нотар дека целокупната договорена количина на тутун ќе ја исплати на тутунопроизводителите и дека средствата од наменската сметка исклучиво ќе се користат за исплата на договорениот тутун.“

Без разлика за која откупна компанија се работи, дали има домашен или е со странски капитал, Министерството за земјоделство како и досега нема да дозволи да се откупува додека не се обезбедат финансиските средства со цел да се заштитат тутунарите од нередовна и нецелосна исплата на нивниот род.

 

 

01.11.2014 - 16:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега