Ќе плаќаме чудна казна: Ако не го пријавие соседот како ја тепа жена му ќе платите 2500 евра

Наместо оној што е тепан и малтретиран да  бега насилникот ќе добие забрана за приближување до домот или пак соседот кој знае а не пријавува караници ќе заработи казна од 2500 евра.

Ова се само едни од новините во новиот закон за борба против семејното насилство кој според експертите претставува еден вид мала револуција во третманот на насилството.

Според статистиката секоја 4та жена е жртва на семејно насилство но радува податокот што се поголем е бројот на случаеви кои го препознаваат и пријавуваат насилството.

Според надлежните законот за превенција,спречување и заштита од семејното насилство претставува едно иновативно решение како модел кој е актуелен низ цела Европа.

01.11.2014 - 14:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега