ВИДЕО: Во Белград почна состанокот на „светската влада во сенка“

Собирот на Трилатералната комисија која најчесто ја нарекуваат „светска влада во сенка“ почна денес во Белград, а прв се обрати претседателот за Европа и екс шефот на Европската централна банка Жан - Клод Трише и премиерот на Србија Александар Вучиќ.

Трише состанокот го отвори со говорот за европските проблеми, за перспективата на европските интеграции и Западeн Балкан, како и за предизвиците во Европа.

Ваквата комисија е запозната и редовно ги следи случувањата на Западен Балкан, а спомена и дека голем број на членови имале важни улоги во трагичните времиња зад нас. 

„Ајде да се потсетиме на Ричард Холбрук во Дејтон пред 20 години и на Волфганг Ишингер, кои помогнаа во косовскиот мировен процес“, рече Трише.

Трише го забележа и моментот кога за неколку дена ќе биде одбележана годишнината од паѓањето на Берлинскит ѕид и враќањето на целосна и слободна Европа и му порача на српскиот премиер дека ќе биде со Србија на нејзиниот пат кон Европа.

Потоа следеше говорот на Јован Ковачиќ претседателот на српската национална група на Трилатералната комисија, кој спомена дека регионот страда од премногу историја а премалку разбирање. Треба да се направи се за да се измени ова наследство за идните генерации.

01.11.2014 - 13:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега