Концертот на „Дуо Кировски“ во Софија

Во музичкиот центар „Борис Христов” во Софија синоќа концерт одржа македонското музичко „Дуо Кировски“ - Маја Шутевска-Кировска на пијано и Љубиша Кировски на виолина и виола.
 
Пред публиката во Софија тие се претставија со пет пиеси за пијано и виола од балетот „Ромео и Јулија” од Прокофјев, „Сонатата за виолина и пијано” од Корилјано и две дела специјално напишани за нив -Dancing with my shadow од Илиевска-Бете (по повод 20 годишнината од постоењето на Дуото) и „Вечера немаме” од Бужаровски.
 
На концертот освен претставници од дипломатскиот кор и Министерството за култура на Бугарија, присуствуваа и професори и студенти од Музичката Академија „Панчо Владигеров" во Софија.
 
Дуо Кировски успеа со својата исклучителна музичка интерпретација да измами долги аплаузи и бис од публиката.
 
Концертот на „Дуо Кировски“ во Софија го организираше Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија со поддршка на македонското Министерство за култура. 
01.11.2014 - 12:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега