Несреќа во рудник - 12 мртви

 

Се стравува дека 12 рудари загинале во Колумбија, кога во еден рудник за јаглен навлегло големо количество вода, соопштија денеска колумбиските власти.

- Шанста за преживување на рударите е еднаква на нула, изјави портпаролот на Службата за рударство и за заштита на животната средина, Карлос Усма.

Тој додаде дека 12-те рудари, кои се возраст од 23 до 55 години, наверојатно се удавиле во навлезената вода во окното.

Несреќата се случила во рудник во градот Амага во северозападна Колубија.

31.10.2014 - 18:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега