ФОТО: СДММ ги организира т.н. студентски протести

Помала група на студенти денеска се собраа пред Ректоратот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ барајќи универзитетскиот Сенат да расправа и да заземе став за предлогот за воведување екстерно тестирање во високото образование, јавува Курир

sdmm

На протестите, кои инаку беа најавени уште пред десетина дена од страна на првиот човек на социјалдемократската младина, Стефан Богоев, како што може да се види на фотографиите присуствуваа и братот на редовниот поддржувач на опозицијата Ивор Мицковски, Кирил Мицковски, а не изостана ниту присуството на опозициски активисти како Гордан Шутаров, секретар на ЛК СДММ Карпош.

Богоев  во колумната објавена на 22-ри октомври пишуваше дека нивната битка деновиве добила уште поголема димензија олицетворена во т.н. Екстерно тестирање во високото образование, најавуваќи ги т.н. студентски протести за кои сега и повеќе од јасно е дека се директно иницирани од опозицијата.

sdmm-1

-Она што сега е битно е нашата борба да започне силно со оваа битка. Оваа битка против екстерното тестирање да биде нашиот модерен 11-ти Октомври. Битка во која жестоко ќе го браниме нашето Уставно право на образование кое ниту еден министер, заменик или премиер не може да ни го одземе, пишува Богоев.

Медиумите тогаш пишуваа дека станува збор за иницијатива која потекнува од врвот на СДСМ, а која треба да ја спроведат порталите на СДСМ и подмладокот на таа партија, информации кои денеска се покажуваат на дело.

На првата дебата за најавеното воведување на државен испит или екстерно тестирање на студентите одржана вчера, беше посочено дека ваквиот чекор се прави за да се унапреди образованието, а не за да се заплашат студентите.

31.10.2014 - 17:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа