ФОТО: Ме нападна кучето на другарката- погледнете ги овие ужасни повреди

 

Џорџа Сигурни (12)  лежела на подот кај својата другарка и гледала X-фактор, кога големата сибирска хаска ја нападнала.

Џорџа тврди дека случајно ја клоцнала хаската по што следувал беспоштеден напад - хаската ги зарила забите во лицето на детето и оставила длабоки рани на лицето и устата.

Девојчето веднаш било пренесено во болница каде и биле ставени 50 конци.

Џорџа сега има тешкотии и кога јаде бидејќи кучето сосема и ја распарало устата на левата страна.

Џорџа седела на подот потпрена на софата а кучето спиело зад неа. Кога станала го стапнала кучето кое веднаш и скокнало и ја загризало на лицето.

Таа викала на цел глас а потоа успеала да избега од куќата. Ја однеле во болница каде следниот ден и ставиле 20 конци во устата и уште 31 на лицето.

Мора да пие со цевка бидејќи и е болно да јаде.

-Ова и го уништи животот. Таа е убаво девојче и сега се грижи како ќе изгледа. Им благодарам на докторите што и го составија лицето, вели нејзиниот татко.

Полицијата го зела кучето од сопствениците и почнала истрага. Чекаат мислење од експерт за опасни кучиња, за да одлучат како ќе постапат со него.

 

Семејството на кое му припаѓа сибирската хаска не го коментира инцидентот.

31.10.2014 - 15:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега