Прислушкувани разговори: ИД планира убивање на цивили на Запад со ебола
Шпанскиот државен секретар за безбедност Франциско Мартинез предупредил дека Исламска држава (ИД) ги повикува приврзаниците да убиваат цивили на Запад со сите можни средства, вклучително употреба на вирусот ебола како хемиско оружје.
Како што наведува „Дејли мејл“ Мартинез навел три специјални случаи во кои млади џихадисти поврзани со ИД користеле „соби за чет“ на интернет и сериозно разговарале за можноста од користење на смртоносниот вирус и други отрови како нови терористички методи, пренесува весникот.
Во разговор меѓу симпатизери на ИД кон средината на септември се споменувало употреба на ебола како оружје против САД. Во друг пресретнат разговор екстремисти разгледувале како најдобро да употребат смртоносни хемиски производи украдени од лабораторија.
Портпаролот на терористичката група ги повикал приврзаниците да убиваат цивили на Запад со сите можни средства.
Шпанскиот функционер пред пратениците во парламентот изјави дека екстремистите користат „соби за чет“ за барање најдобар начин за извршување терористички напади, како и дека екстремисти од ИД го гледаат интернетот како можност за проширување на бојното поле.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа