Средба Иванов-Николиќ: Добрососедство и блиска соработка меѓу Македонија и Србија

 

Претседателите на Македонија и на Србија, Ѓорге Иванов и Томислав Николиќ, на денешната средба во Белград, констатирале дека соработката меѓу двете земји е многу добра и оти пријателските односи се развиваат во духот на добрососедство и блиска соработка помеѓу двата народа. 

Претседателот Иванов, јави известувачот на МИА, нагласи дека различните ставови по некое прашање не треба да не спречуваат да имаме извонредни односи. 

- Тоа е позитивен пример во нашиот регион, рече Иванов.

Македонскиот претседателот денеска ќе има работна средба и со претседателката на Народното Собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ.

За време на официјалната посета, Иванов во Панчево ќе оствари средби со претставници на македонското национално малцинство во Република Србија.

Утре во Белград претседателот Иванов ќе учествува на 38-та средба на Европската група на Трилатералната комисија, што се оценува како собир на највлијателните луѓе во светот односно се смета за „светска влада во сенка“. 

31.10.2014 - 13:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега