Сопругата на Драган Вучиќ „распали“ на Facebook

 

Весна Вучиќ, сопругата на Драган Вучиќ, прв пат јавно застана во одбрана на своето семејство и ги осуди невкусните шеги, особено на сметка на синот Мартин Вучиќ, јавва Вечер. Она што последно ја вознемирило се прашалниците за екстерно тестирање, кои деновиве кружат на социјалните мрежи каде во прашањата се вметнати шеги на сметка на познатите. Толку многу се растревожила од прашањата во кои се спомнуваат имињата на синот и сопругот, што одлучила за прв пат да и се обрати на јавноста, и тоа преку Фејсбук, каде меѓудругото ги искритикува шегаџиите и смета дека е крајно време да престанат со нивните "интелектуални шеги" и малограѓанштина.

 

"Имам потреба со вас да го споделам моето утринско кафе кое го пијам вознемирена и растревожена. Не можам да замислам до каде оди потребата да се потценува и навредува некој само затоа што работи макотрпно, за доброто на своето семејство. Какви се тие "интелектуалци" што се занимаваат со Драган В. и со син му. Со години се трудам да ги игнорирам грдите написи (последниве денови актуелни се екстерните испити и "прашањата" врзани со "сељакот Драган", син му). Тие што пишуваат имаат ли семејства, ги воспитувал ли некој, или пак, воспитуваат ли тие некого? Жално и срамно...", напиша Весна, која патем додала дека Драган е прекрасен сопруг кој се грижи за семејството, а Мартин е син кој со сопствена пот го стекнал сето она во кое ужива денес, а не со помош на мама и тато.

31.10.2014 - 13:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега