Најдобрите вести за овој викенд ни ги носат метеоролозите
Ако за време на неделава имавме релативно променливо и помалку депресивно време, за викенд изгледите ни се доста подобри.
И во сабота, и во недела се очекува претежно сончево време. Во утринските часови ќе постојат услови за релативно краткотрајна ниска облачност низ дел од котлините, пишува специјализираниот портал за временска прогноза МетеоПро
Речиси целосно ведро време се очекува на планините.
Ветерот и двата дена ќе биде слаб и претежно северен.
Утрото и во сабота, и во недела ќе биде малку студено. Минималната температура низ пониските населени места ќе има вредност околу 2°С, додека на повисоките места минималната ќе се „спушти“ малку под 0°С.
Дневниот максимум на температурата воздухот во сабота ќе достигне вредност околу 13°С во северната половина на земјата. Југозападниот регион очекува максимална околу 12°С додека на југоистк максималната температура ќе има вредност помеѓу 14 до 16°С.
Недела, во најголем дел од земјата, ќе биде потопло за околу 1°С во однос на сабота.
Уживајте во викендот и искористете го времето за прошетка во природа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа