Татко си го полил детето со бензин, ја запалил куќата, па се обесил

Уште една трагедија ја потресе Србија. По расправија со сопругата, татко на шест деца подметнал пожар во сопствената куќа во Дебељача, во која биле и неговите деца.

Неговата сопруга, за среќа, успеала да ги спаси децата, по што нивниот татко се обесил, пренесува Ало.рс.

42-годишниот Ф.С. за време на расправијата со сопругата, бил во алкохолизирана состојба и со пет литри бензин го полеал едното дете и мебелот низ куќата, по што ја запалил.

Неговата сопруга брзо ги изнела сите шест деца надвор. По пожарот кој целосно ја пеплосал куќата, Ф.С. отишол во шупата и се обесил.

Неговото тело го откриле соседите еден час по полноќ. Тие за порталот Ало.рс  изјавиле дека нивниот сосед бил склон кон алкохол и дека двапати до сега се обидел да си го одземе животот. Трагедијата која се случила ја препишуваат на склоноста кон алкохолот, бидејќи како што рекле, само кога бил пијан бил агресивен со сопругата и децата.

30.10.2014 - 16:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега