Најдобриот секс кој таа некогаш го имала

 

Прашавме неколку девојки да ни го опишат најдобриот секс кои тие некогаш го доживеале. Нивните приказни би можеле да ви дадат неколку нови идеи како да го зачините вашиот...

Потребно е многу за одличен секс: чувства, атракција, хемија, исчекување, локација, изненадување и многу повеќе од тоа. За да ја поттикнеме вашата имагинација зборувавме со неколку девојки кои ги споделија своите најсекси и најневеројатни сексуални искуства...

"Нашите колеги можеа да не фатат на дело" - Ова ново момче на работа и јас повремено флертувавме неколку недели. Работевме во фото студио кое фотографираше модели, облека и различни производи. Една од моите задачи беше да ги средувам производите и облеката во собата со производи. Еден ден бев токму во таа соба, подредувајќи ги парчињата за фотографирање кога мојата симпатија дојде да си позборуваме. Започнавме да флертуваме како и обично и следниот момент тој ме бакнуваше. Малата собичка беше поврзана со конференциската сала па брзо ја затворив вратата. Не помина многу време додека нашата облека се најде на подот. Тој само ги искина моите гаќички, а тогаш слушнавме гласови и се заледивме. Мојот шеф влезе во конференциската сала со уште некои соработници, најверојатно за средба. Тој ме погледна во очи, јас го погледнав него - си кажавме "Зошто да не?" и продолживме каде што застанавме. Возбудата беше на највисоко можно ниво. Ново момче, лудо ново искуство, ризикот дека ќе не откријат. И што е најдобро - постојаните обиди да се изведе сето тоа многу тивко. Кога започнав да доживувам оргазам ми ја даде неговата кошула да ја загризам за да испуштам звук. Таа мирисаше на неговата колонска вода и мојот оргазам беше .... сеизмички. (Ангела, 32)

"За прв пат знаев точно што сака" - Пред неколку месеци во кревет со мојот сопруг, за време на предиграта, тој започна да поставува еден куп барања. "Диши ми во увото", ми рече... "Сега спушти ја раката надолу по моите гради". Да, и порано си кажувавме по некој совет за време на сексот но никогаш не сме зборувале толку многу. Сега кога го слушнав мојот сопруг како всушност бара од мене нешто специфично? Тоа беше ново за двајцата и неверојатно секси. Кога ме водеше и ми помагаше како да го дадам најдоброто од себе за да го задоволам и да му ја исполнам секоја желбичка некако сè беше поинтензивно, посекси и позначајно. Како разултат, тоа беше нашиот најдобар секс кој сме го имале. (Стефани, 28)

"Никогаш немав пробано тројка но бев отворена за идејата" - Едно момче со кое имавме секс без обврски повремено ме праша дали сум заинтересирана за тројка со уште една девојка. Јас бев љубопитна, па тој закажа вечера за нас тројца во неговиот апартман. Кога девојката се појави јас останав запрепастена: тесен џемперест фустан, високи чизми, кадрава коса. Во тој момент почувствував како им е на момчињата-тинејџери. Јас всушност започнав да ја посакувам. Бев нервозна како ќе се одвива целата вечер бидејќи ми беше прв пат, а таа сигурно веќе го правела тоа. Ме праша: "Како ти се допаѓа повеќе, да лижам или да вовлекувам?"... Хм, двете? И кога јас започнав да го бакнувам него, таа дојде и започна да ме бакнува мене. Во меѓувреме тој си играше со моите гради. Има многу можности. И навистина беше возбудливо да имам секс со него додека таа не гледаше, а потоа да имам секс со неа додека тој не гледа. Сè беше многу поинтензивно! Целата возбуда беше поинтензивна, на повисоко ниво и сè што чувствував го чувствував со 100 пати појак интензитет. (Ема, 37)

Извор: Точка

30.10.2014 - 15:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа