Позната српска пејачка доби забрана од своето момче да пее

 

Српската турбо фолкерка Славица Чуктераш ја жртвуваше кариерата поради љубовта кон голманот Владимир Аврамов. Пејачката наводно се откажала од пеењето, ги спакувала куферите и се отселила во Италија.

По раскинувањето со Владимир, Славица сфатила дека љубовта кон него е посилна од желбата да гради кариера.

-Раздвоеноста ја трпеа поради нејзините бројни обврски во врска со снимањата, па затоа по смирувањето заклучи дека нејзиното место е покрај момчето, а не на естрадата. Кога дефинитивно одлучи да заврши со пеењето и се јавила наТања Савиќ, на која и ја кажала одлуката и и кажала дека поради тоа да не смета на дует“, вели добро информиран извор.

По оваа одлука Славица го променила и телефонскиот број, а новиот го имаат само најблиските пријатели за новинарите да не можат да дојдат до неа.

30.10.2014 - 15:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега