Војна во семејството Џогани - еве зошто

 

Добро познато е на  Балканот дека Гаги Џогани, основачот на групата „Фанки Џи“ има големи финансиски проблеми. Она што е најново е дека Гаги неодамна од братот Ѓоле Џогани неодамна побарал на заем 500 евра кои ќе му ги врати до Нова Година. Ѓоле навистина се налутил и му изнакажал сешто, бидејќи смета дека може да работи и да заработи, но е мрзелив.

- Ѓоле многу работи, секој викенд тој и Весна имаат настапи и не е од оние луѓе кои се расипуват. Нему му е важно да има убав стан, тој, жената и децата да се убаво облечени, да вози добар автомобил и затоа не му е тешко да ја прифати секоја тезга. Неколку пати досега парично му помогна на Гаги, а капката која ја прели чашата беше кога му побара 500 евра на заем до Нова Година. Ѓоле навистина се налути и му кажа сешто биејќи смета дека може да заработи и да работи, но дека е мрзелив и полесно му е другите да го издржуваат. Се што досега Ѓоле му позајмил, тој не вратил, ниту пак Ѓоле тоа го бара од него. Знае дека нема, не беа големи пари во прашање, но неодамна Гаги претера. Тој наводно сега е некој диџеј, но никогаш нема пуштено музика и нема добиено хонорар за тоа. Ниту на Анабела и плаќа алиментација, бидејќи нема ниту за кафе. Ѓоле му кажа дека мора да стане сериозен и да почне да работи и да заработува за живот, а до тогаш да не му се јавува и не му се обраќа“, вели извор близок до семејството Џогани

30.10.2014 - 15:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега