ФОТО: Неверојатна љубовна приказна- нема да верувате со кого руча овој старец
Оваа фотографија во неверојатно краток рок успеа да го освои светот. На неа се гледа маж кој сам јаде хамбургер на маса, додека замислено гледа во фотографијата на масата. Нема да верувате каква трогателна приказна се крие позади тоа.
На фотографијата која постојано ја гледа овој маж е неговата покојна сопруга со која бил во брак 55 години, а која починала во 2009-та година.
Им раскажал на љубопитните муштерии како ја запознал својата сопруга кога имал 17 години. Изгубиле контакт кога тој отишол во војна, а нејзиното семејство се преселило во Калифорнија.
Кога се вратил од војната поминал 10 години барајќи ја девојката за која бил сигурен дека е неговата сродна душа. Еден ден отишол на бербер во Калифорнија и сфатил дека ќерката од берберот е девојката по која трага веќе 10 години. Се воодушевил кога дознал дека и таа последните десет години ги поминала барајќи го него.
Воопшто не губеле време и веднаш се венчале, а во брак поминале прекрасни 55 години исполнети со љубов и среќа. Откако неговата сопруга починала, овој господин носи барем една нејзина фотографија секаде каде што оди и секогаш ја бакнува пред спиење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа