ВИДЕО: Голема глупост на Пандев - го нападна помошниот судија

Играчот на Турново Сашко Пандев направи глупав гест во Штип и го удри помошниот судија на мечот против Брегалница, па ќе очекува драстична казна од ФФМ.

glupost

Пандев беше стрелец на голот за Турново во финишот на првиот дел, потоа претера со радувањето па беше исклучен поради втор жолт картон, а на крајот си дозволи луксуз да го нападне помошникот судија. За таков гест се прекинува натпревар, но Емрули Иса од Тетово, кој беше главен арбитар дозволи мечот да продолжи. При инцидентот беше исклучен и Мавров, а Турново и со девет играчи освои еден бод, со реми 1-1.

Видеото на кое помалиот брат на Горан Пандев го нападна помошникот судија можете да го погледнете овде. Снимениот материјал е на ТВ Ирис.

30.10.2014 - 11:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега