Македонци фатени со хероин во Сараево
Македонските државјани Шабан Х. и Индриз Ш. од Гостивар уапсени се со повеќе од еден килограм хероин на меѓународната автобуска станица на ул. „Пут живота“ (Пат на животот) во општина Ново Сараево.
- Припадниците на Одделението за борба против злоупотребата на опојни дроги при МВР на кантонот Сараево дрогата ја открија кај Шабан Х. со кого во друштво бил и Идриз Ш. Вредноста на дрогата на пазарот е од 30 до 50 илјади конвертибилни марки, во зависност од тоа со која супстанца се меша, изјавил Ирфан Нефиќ портпарол на сараевската полиција.
Хероинот Шабан Х. го завиткал со помош на појас околу телото. За одредена сума пари негова задача била само да ја пренесе дрогата до Сараево.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа