Македонските адвокати ќе учат од француските колеги
Во организација на Амбасадата на Франција во Скопје и Адвокатската комора на Македонија денеска и утре ќе се одржи семинар за деонтологија и практикување на адвокатската професија, кој е прв од планираните три во оваа година.
Освен француските обучувачи, на отворањето на семинарот ќе присуствуваат француската амбасадорка Лоренс Оер и претседателот на Адвокатската комора на Македонија, Никола Додевски.
Семинарите, на кои македонските адвокати имаат можност да се запознаат со француското искуство во разни области од правото, ги организира Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен.
Во 2012 година беа организирани два - семинар за трудово право, во јуни во Охрид, и семинар за европско право во областа на човековите права, во септември во Штип.