Метеоролозите ни носат убави вести
Четврток ќе донесе променливо време, но сепак со многу повеќе сончеви периоди за разлика од среда. Западниот, и крајниот источен регион ќе имаат нешто повеќе облачност за разлика од останатите краишта. Зголемување на облачноста во поголем дел од земјата ќе има во текот на вечерта, Пишува спцијализираниот портал за временска прогноза МетеоПро.
Минималната температура во поголем дел од земјава ќе има вредност околу 5°С.
Денот ќе биде потопол во однос на среда. Максимална температура на воздухот ќе достигне вредност околу 14°С во северната половина на земјата Југозападниот регион очекува максимална околу 13°С, . Југоисточниот регион очекува максимална температура од 15 до 17°С.
Во Скопскиот регион се очекува променливо време, со подолги сончеви периоди. Минималната температура ќе „падне“ до 5°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу 13°С.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа