Поплавите во Германија земаа седум животи

 

Најмалку седум лица загинаа во Германија во поплавите што  зафатија неколку покраини во последните денови.

Во покраината Саксонија вчера загинал 74-годишен маж, кој доброволно помагал за санирање на штетите од поплавите. Претходно во истата покраина загинаа двајца спасувачи.

Во Баден-Виртенберг поплавите го однесоа животот на три лица вклучувајќи еден пожарникар.

Во Долна Саксонија една жена падна од велосипед и почина, но од инфаркт, а не од давење. Во градот Гера, Турингија, исчезнат е маж, кој е виден како го носи реката Вајсе Елстер.

најчитано сега