Неимар испрати приватен авион по Сораја

Бразилецот подолго време ја викаше старелтата да го посети и на крајот таа прифати. Сораја во Шпанија отпатува со пријателката, а Неимар не штедеше на нив. Ги прошета по најлуксузните ресторани, трговски центри и клубови - откри близок извор до старлетата.   Најголемата ѕвезда во фудбалската репрезентација на Бразил, Неимар толку многу се загреал за српската старлета Сораја Вучелиќ, па испратил приватен авион по неа во Италија, открива српскиот интернет-портал "курир.рс". Бразилецот сакал да се види со неа откако двојката се запознала во август годинава на шпанскиот "остров на лудилото" Ибица и оттогаш постојано се во контакт. Поранешната натпреварувачка во реалното шоу "Големиот брат" во Шпанија помина неколку дена, а популарниот Бразилец се обиде да и ги исполни сите желби.    - Откако се запознаа постојано се допишуваат и разговараат преку Скајп. Тој подолго време ја викаше да го посети и на крајот таа прифати. Сораја во Шпанија отпатува со пријателката, а Неимар не штедеше на нив. Ги прошета по најлуксузните ресторани, трговски центри и клубови - откри близок извор до старлетата.  Сораја неодамна на аеродромот во Белград даваше интервју без градник, а камерманот на сите им го покажа нејзиното секси издание 

29.10.2014 - 20:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега