ВИДЕО: Македонец загина во страотна сообраќајка во Србија - еве го хоророт на патот кон Ниш

Еден македонски државјанин загина, а друг е повреден во страотна сообраќајна несреќа која се случила утринава на автопатот кон Ниш, близу Врчин, објавува Танјуг. 

Според информациите на РТС,  утринава околу 5 часот се превртел камион на автопатот кај Врчин, во правец кон Белград. Во несреќата загинал совозачот, додека возачот со тешки телесни повреди бил префрлен во Ургентен центар.

Според досегашните информации, камионот е со македонски регистарски таблички на фирмата „Милк комерц“. Сеуште не е познат идентитетот на загинатиот совозач и повреденото лице.