Санација на читалната во "Гоце Делчев"

Државниот студентски дом "Скопје" информираше дека се веќе се превземаат активности за санација на читалната во студентскиот дом "Гоце Делчев".

-Во изминатиот период се вршеше набавка на потребните материјали за привремена санација на читалната, се додека не се изврши и целосна нејзина реконструкција, се вели во реакцијата.

Напоменуваат дека во тек е и реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“, која се реализира етапно.

-Токму затоа апелираме на воздржаност од користење на сензационалистички наслови во известувањето за студентскиот стандард од страна на медиумите, стои во реакцијата.

 

29.10.2014 - 19:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега