Учениците во Кичево нема да посетуваат настава бидејќи Општината не ги снабдува со нафта за греење

Родителите на учениците од ОУ "Др. Владимир Полежиноски" донесоа одлука да не ги пуштаат децата на настава, бидејќи, исто како и во ОУ "Кузман Јосифоски-Питу", нема греење и дечињата се смрзнуваат. 

Во училиштето воопшто не се пушта парно греење. Не се знае кога ќе продолжи наставата, ниту кога ќе биде решен проблемот. Решение нема на повидок, а учениците губат настава, која сега ќе треба да ја одработуваат за време на викендите.

Повеќе родители се обратија до порталот Кичево, со цел да алармираат за состојбата со греењето со која се соочува ОУ Кузман Јосифовски – Питу од Кичево. Училиштето воопшто нема нафта за греење веќе подолго време. Поради настанатата ситуација, Советот на родители одлучил да не ги праќа децата на настава додека проблемот не биде решен.

Децата до петокот посетувале настава со скратени часови, но поради ниските температури невозможно е да се држи било каква настава. Доколку оваа ситуација продолжи, учениците ќе бидат принудени испуштената настава да ја одработат за време на викендите.

Според законот за децентрализација, општините ја преземаат обврската за загревање на училиштата. Засега, нема конкретен одговор од општина Кичево која е надлежна, кога ќе биде решен овој проблем и кога ќе почне непречено да се одвива наставата во училиштето.

 

 

29.10.2014 - 18:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега