Танец вечерва со хуманитарен концерт за обнова на Трескавец
„Танец“ вечерва ќе одржи хуманитарен концерт во Охрид, а сите средства собрани од продадените билети ќе бидат наменети за обнова на манастирот Трескавец кај Прилеп.
Целовечерниот концерт го организира Центарот за култура „Григор Прличев“.
Почетокот на концертот е од 20 часот.
Цената на влезниците е сто денари.