ФОТО: По 12 синови конечно чекаат девојче
Џеј и Катери Шванд се брачен пар од Мичиген кои имаат 12 синови а наскоро го очекуваат и 13-то бебе, кои конечно би можело да биде првото девојче во семејството.
Иако, овој брачен пар, по традиција, не сакале да го знаат полот на бебето пред да биде родено, според тврдењата на лекарите, најверојатно овој пат ќе добијат девојче.
Нивното 13 по ред дете терба да се роди во мај идната година. Џеј се надева дека конечно ќе добие ќерка, но изјавил дека за него е најважно бебето да биде здраво и живо.
- За момчињата знам апсолутно се, ќе биде убаво да искусам нешто сосема ново, рекол таткото на 12 синови, од кои најстариот има 22 а најмладиот година ипол.
Мајката Катери пак вели дека потајно се надева на уште едно момче, бидејќи, како што вели за неа, така ќе биде поедноставно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа