Проверете дали утре ќе останете без струја

Без струја утре од 9 до 15 часот ќе останат корисниците на булеварот „Митропоит Тедосие Гологанов“ и дел од корисниците во село Грчец улиците 1, 2, 3, 4 и 5, а од 9 часот до 15 часот и 30 минути улицата „Јуриј Гагарин“ од општина Карпош. 

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје,  заради технички зафати во електро-системот без електрична енергија од 8 часот и 30 минути до 14 часот ќе останат корисниците од улиците „Петар Манџуков“, „Александаар Бујнов“, „Бетовенова“ и „Натанаил Кучевишки“ во Бутел, од 8 часот и 30 минути до 16 часот корисниците од Петровец, селата Дивље, Сушица, Чифлик и  Живиње и селата Долно, Средно и Горно Коњари, од 8 до 15 часот дел од селата Батинци и Љубош, од 10 до 15 часот и 30 минути селото Танучевци и од 9 часот и 30 минути до 16 часот селата Патишка Река и Држиово.

29.10.2014 - 14:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега