Американците ја измислиле веста дека Путин боледува од рак
Американскиот таблоид “Њујорк пост“ објави дека рускиот претседател Владимир Путин боледува од рак.
Во текстот кој што го напишал новинарот Ричард Џонсон се наведува дека Путин боледува од рак на панкреасот. Рускиот претседател наводно го лечел некој постар лекар од источна Германија, со кој Путин се запознал пред неколку децении додка бил агент во КГБ. 84-годишниот доктор врз путин направил неколку терапии притоа давајќи му и стероиди за да му помогне.
“Њујорк пост“ во текстот се повикува и на изјавата на поранешениот британски воен ветеран Криспина Блека, кој што е стручњак за тероризам и тајни служби и кој наведува дека летото Путин го ослободил Михаил Ходорковски, некогашниот најбогат Русин во светот, само да совеста му биде чиста.
Наводно поради болеста, Путин својот роденден на почетокот на октомври го прослави во Сибир далеку од очите на јавноста. Веста за болеста на Путин одлично беше прифатена во Полска, каде што локалниот весникт „Факт“ пренесе дека току молеста е причината за неговата агресивна политика во последните неколку месеци. „Пред сммрта, Путин сака да создаде големо руско царство кое ќе влезе во историијата“, пишува „Факт“.
Веста за наводната болест на Путин не ја пренесе ниту еден посериозен западен медиум, а официјално Москва сеуште нема излезено со демант за ваквите шпекулации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа