Извлекување на добитниците на надомест за соларен колектор

 

Денеска, Министерството за економија организира јавно извлекување на лицата на кои ќе им се надоместат дел од трошоците направени за купен и вграден соларен колектор во своето домаќинство.

Извлекувањето е од петтиот повик за надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на соларни колекторски системи во домаќинства за 2013 година. Тој траеше до 31 мај и за негова реализација се предвидени 6 милиони денари.

Во јавното извлекување ќе учествуваат сите апликации што пристигнале во рокот, а избраните ќе бидат субвенционирани со 30 отсто од направените трошоци, но не повеќе од 300 евра.

Досега се субвенционирани 1.901 домаќинство (по 500 во 2007 и 2009 година, 420 во 2011-та и 481 домаќинство во 2012 година) и од Буџетот се исплатени вкупно 27.855.001 денари.

На настанот, кој ќе се одржи во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ од 10 часот, ќе се обрати министерот за економија Ваљон Сарачини. 

најчитано сега