ВИДЕО: Експлозија во центарот на НАСА
Ракетата која НАСА требаше да ја испрати во Меѓународната вселенска станица експлодираше непосредно по лансирањето.
Испраќањето ракета која требаше во вселенската станица да однесе околу 5.000 килограми опрема и неопходни работи за живот на астронаутите требаше да биде извршено во понеделникот.
Меѓутоа, поради технички причини, одложено беше за во вторникот, но по полетувањето од лансирната станица во Вирџинија, ракетата експлодираше.
Претставници на НАСА се уште не се огласија, а наскоро се очекуваат првите резултати од истрагата.
29.10.2014 - 13:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа