Бугарија: За Македонците секогаш ќе има бугарски пасоши

 

Ќе се води проверка на издадени бугарски државјанства, како и текновните апликации, но тоа нема да важи за Македонците известуваат Бугарските медиуми.

Според она што беше објавено во бугарските медиуми ваквата проверка ќе важи само за жителите на Косово и други земји, а нивните жители не знаат ниту збор бугарски, а се повикуваат на бугарски корени а тоа не важи за македонските граѓани.

Лидерот на бугарската партија ВМРО-БНД, Kрасимир Kаракачанов, разговарал за ова со претставниците на бугарската влада и усно му било потврдено дека новите услови нема да се поставуваат за македонските граѓани.

29.10.2014 - 12:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега