Стапија на сила новите сообраќајни казни: Еве го ценовникот

6.000 денари глоба ако не го ставите заштитниот појас, не ги вклучите светлата или зборувате на мобилен.

Ова се глобите за прекршоци кои возачите ги демнат во самиот старт.

Понатаму секој одминат километар претставува можност за уште некој сообраќаен прекршок ако ве улови полицијата. 

На пример, за непрописно паркирање глобата е 45 евра.  250 евра ако возилото е паркирано во близина на пешачки премин или крстосница.  Ако на пешачки премин возачот не пропушти пешак глобата изнесува 250 евра.  

Ако тој ден ве улови радар, а сте ја надминале дозволената брзина, казната во град е 20 евра. Ако полицијата ве фати да „летате" на јавен пат, ќе платите 300 евра.  И ако случајно тој ден мора да го однесете во училиште вашето дете, кое нема 12 години, а седи на предното седиште, тогаш глобата ќе се зголеми за уште 45 евра.  Според новиот закон УЈП присилно ќе ги наплаќа казните за сообраќајните прекршоци од сметките на возачите. 

29.10.2014 - 11:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега