ФОТО: „Ќе завршите како Тијана“ - педофил им се заканува на ученички

Небојша Гајиќ од Нова Пазова е уапсен поради обид за силување на 17-годишна девојка, на која и држел приватни часови по математика во неговата куќа.

Гајиќ на девојчето му се заканувал дека ќе заврши како малата Тијана Јуриќ, покажувајќи и видео снимка на која сексуално напаѓа 13-годишно девојче.

- Девојчето на 22.октомври дојде со нејзината мајка во полициската станица во Нова Пазова каде раскажаa се` што Гајиќ и рекол додека била на часови кај него. Веднаш беше покрената истрага и тој е приведев во Сремска Митровица каде му е одреден притвор од еден месец. Полицијата ја продолжува истрагата под сомневање дека постојат и други жртви на Гајиќ,  изјавиле од полицијата за српски Блиц.

Злоставувањето на девојчето започнало уште во месец мај, кога Гајиќ започнал да ја допира по интимните делови и ја натерал да го допира по неговиот полов орган. Ја убедувал дека и други девојчиња уживале со него, па ја принудувал да и ја одземе невиноста велејќи и дека никој нема да биде толку внимателен како него.

Тој и покажал и видео снимики од други девојчиња на кои се гледа како тој ги допира. Гајиќ поставил видео камери во неговата куќа и така им се заканувал на другите негови жртви дека ќе ги пушти видеата на интернет, ако кажат нешто на некого.

29.10.2014 - 11:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега