Фотографијата на секси ангелите која ја разбесни јавноста

Веќе навикнавме да си набиваме комплекси од девојките кои ја рекламираат долната облека на модната куќа „Victorias Secret“ кои се едни од најубавите и најзгодните жени на светот. Но, последната линија на долна облека наречена „Perfect Body“ според мислењето на многумина е навредлива за жените ширум светот.

Околу 500 луѓе од Велика Британија потпишале петиција која бара слоганот на новата линика да се промени бидејќи испраќа погрешна порака во светот.

Потписниците на петицијата велат дека оваа порака значи дискриминација бидејќи јавноста сфатила дека преку оваа реклама сака да се каже дека само манекенките имаат совршено тело, а добро знаеме кои се здравствените одрекувања кон кои тие се склони за да имаат таква линија.

Тие бараат оваа американска модна куќа да се извини бидејќи употребиле погрешни зборови кои ја разнишале самодовербата на многу жени.

- Тие го користат слоганот „Совршено тело“, за да ги привлечат жените да ја купат облеката за да се чувствуваат попријатно во сопствената кожа, но во исто време предизвикуваат чувство на несигурност во сопствениот изглед, што е доста манипулативно. Бараме да се промени името на кампањата и јавно да се извинат“, изјавиле потписниците на петицијата.

29.10.2014 - 10:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега