„Доста патев ми треба нов маж“- Гога Секулиќ проговори за своите планови

Заслужив конечно да бидам среќна, помина повеќе од година дена откако го изгубив сопругот, време е и да добијам дете, изјави пејачка за српски Блиц.

Таа за српски Блиц открива дека го подготвува нејзиниот нов албум.

- По цел ден сум во студио и ги спремам песните кои ќе станат вистински хит. Други случувања кај мене нема, бидејќи немам многу време... Многу ми е важно да испадне како што  треба,   бидејќи ми е многу важно работата да ми оди и да ги пофторам успесите од претходните години, рекла Гога за српски Блиц.

На прашањето дали пејачката има нова љубов Гога слатко се насмеала и прокоментирала:

- Дај Боже! Не сум повеќе тинејџерка и немам нерви за несериозни врски. По трагедијата која ме снајде, за вистинска среќа би ја сметала доколку се појави некој сериозен маж во мојот живот кој би сакал исто како и јас,искрена љубов и почитување. Го имав сето тоа и бев среќна, но сето тоа за само еден миг исчезна., рекла Гога  за бракот со нејзиниот покоен сопруг Игор, кој минатата година почина.

Исто така Гога додала дека нејзиното семејство го чека денот кога ќе ја видат среќна покрај некој маж кој ќе ја сака и со кого ќе има дете.

 

29.10.2014 - 10:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега