Трибина за заштита на личните податоци на студентите

 

Дирекцијата за заштита на личните податоци и Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска организираат трибина на тема „Студентите и нивното право на заштита на личните податоци“.

Целта на трибината е запознавање на студентите за нивните права за заштитита на нивните лични податоци, за улогата и надлежноста на Дирекцијата за заштита на личните податоци, поддршка на студентите во случаи кога нивните лични податоци се злоупотребени, како и презентација на концептот на приватност.

На трибината ќе се направи осврт и на правата на студентите и улогата на Студентскиот правобранител и УКИМ, како и Народниот правобранител како механизам за заштита на правата на студентите.

29.10.2014 - 09:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега