Денеска е Св. Нарцис
На крајот од вториот век бил бискуп (владика) во Ерусалим. Бил строг во управувањето, па неговите службеници меѓу верниците, ширеле клевети против него. Тогаш тој се откажал од службата и се повлекол во осаменост за да живее побожно како калуѓер. Кога верниците сфатиле дека тој бил неправедно обвинет, го молеле повторно да ги преземе и да ги води верниците од Ерусалим. Умрел како светец околу 116 година. Верниците му се молат да ги штити од клевети и лажни обвинувања.
29.10.2014 - 09:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа